Тоскана
Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО.
Со величествената Фиренца, својата престолнина и најпознатиот симбол, Тоскана е колевка на ренесансата, на нејзиното тло од 14-16 век се раѓале нови филозофски и научни мисли, а на основите на античката култура се создале врвни книжевни, сликарски и вајарски градетелски дека кои влијаеле на уметничкиот и општествениот препород на многу европски земји. Тука престојувале најславните уметници на тоа време: Данте, Петрарка, Бокача, Фра Анџелија, Ботичели, Микеланџело, Леонардо да Винчи…
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 185 евра по лице со задолжителна резервација на пакет факултативи по цена од 120евра (редовна цена 130евра) се плаќаат во автобус, редовна цена 229евра
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата
Специјален пакет на факултативи со 10 евра попуст (наместо 130 евра) по цена од 120 евра по лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА