top of page
logo-banner.jpg
halkidiki_edited.png

Вила "Maria Pontoy" Неа Флогита

Вила Мариа Понтои се наоѓа на 50 метри од песочната плажа на Неа Флогита. Вилата располага со трокреветни и четирикреветни студија. Студијата се опремени со кујна (основен прибор за приготвување на лесни јадења, решо со мини релна и голем фрижидер со комора за замрзнување.), ТВ и клима уред, чие користење е вклучено во цената и wi-fi (вклучено во цена). Агенцијата неможе да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО за 7 НОЌИ.

 

Задожолжителна доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден

(се плаќа во агенција)

 

Превозот се доплаќа:

  • Возрасен - 45€ повратен / 40€ еден правец

  • Деца од 02-12г. - 40€ повратен / 35€ еден правец

  • Деца до 2г. - Бесплатно (без седиште).

Важни напомени:

Туристичка такса се плаќа во агенција 2 € од ноќ од соба.

Клима уред бесплатно (ако истиот се користи само кога гостите се во апартманот, во спротивно сопственикот има право да им наплати по 5 евра од ден или да им ја скрати таа услуга.)

 

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла.

 

Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот (минибусот).

 

Секој патник има право на 1 парче багаж.

 

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

 

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

 

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

 

Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.

 

За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на втората смена.

 

Попустите за рана уплата , не важат за пакет аранжманите (смените означени со ѕвездичка (*) во табелата)

 

За рано резервирање се уплатува аванс 50% од вредноста на аранжманот додека. остатокот од 50% се доплаќа до крајот на траењето на попустот или онака како што е нагласено на веб страната.

 

Кога има акциски попуст или кога едната смена е со * на втората смена не се одобрува дополнителен попуст.

 

Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените и уплатени резервации.

 

Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување на ТА Травеликс кои што се наоѓаат на задната страна од договорот за резервација.

 

При промена на патници во резервацијата (по барање на патниците), се наплаќа 10 евра за манипулативни трошоци.

 

За важечка резервација се смета само со уплата на 50% од целосната вредност на аранжманот, а целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање, освен ако не е поинаку назначено во условите за резервација.

 

Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти средствата не се враќаат доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (повраток на средства) само доколкупатникот сам си најде замена за веке резервираната соба.

bottom of page