top of page
Image by Charlotte Noelle

За Нас

Конзул Травел

Во желба да му пристапи на секој клиент поединечно и со посебно внимание,  ново отворената туристичката агенција „Конзул Травел"  ги отвори вратите за своите сограѓани. Таа ви нуди комбинација на млади и искусни, креативни и позитивни и високо квалитетна тимска работа.

 

По изборот на дестинацијата и сопатниците, фактор кој најмногу влијае на тоа како ќе го поминеме нашето време на патувањето е изборот на најдобрата туристичка агенција. Зошто е важно да се избере добра агенција? Најпрво на туристичката агенција и ја доверувате комплетната организација на патувањето, па тие се оставени да се грижат за сместувањето и превозот до саканата дестинација. Она што ја издвојува нашата туристичка агенција од другите е негувањето на индивидуален пристап, со цел најдобро да се прилагоди на потребите на клиентите.

Првата средба со нас, атмосферата во нашиот ентериер, љубезноста, професионалноста и вниманието што ќе му ги пружиме на секој клиент, сигурно ќе ги поместат границите во давањето туристички услуги. Според максимата дека се оди во секој град, а се враќа само во еден, наше е да им обезбедиме на нашите клиенти најдобра услуга на местата каде што одат и да се вратат во својот град насмеани и полни со добри впечатоци.

konzul-travel-team.jpg
bottom of page