![1.jpg](https://static.wixstatic.com/media/2709ee_c9c5398648e94455a84fb20b784bafeb~mv2.jpg/v1/fill/w_600,h_400,al_c,q_80,usm_0.66_1.00_0.01,enc_avif,quality_auto/2709ee_c9c5398648e94455a84fb20b784bafeb~mv2.jpg)
Прохор Пчињски и Врање
23.11.2024
Манастирот Прохор П чински
Манастирот се наоѓа во шумовитите падини на планината Козјак, на левиот брег на реката Пчиња, во непосредна близина на селото Кленика и на само 30 километри јужно од Враење. Според легендата манастирот е изграден од страна на византискиот цар Роман Диоген во 11 век во знак на благодарност на Свети Прохор Пчињски ,којму предвидел дека ќе стане цар. Политичките случувања што се одвиваат кон крајот на 10 и почеток на 11 век оставиле свој белег во овој крај. Со победата на Василиј II над Самоил, Византија успева да си ги врати изгубените територии на Балканскиот Полуостров, а со тоа доаѓа и до реорганизација на политичката и црковната ситуација во регионот. По Косовската битка во 1454 година манстирот е уништен од страна на Османлиите, за повторно да биде обновен во 1489 година од страна на Марин, син на попот Радоња од Кратово. Во тој период се насликани и вреските во самиот манастир, кои се сметаат за најважно уметничко дело од тој период. На 2 август далечната 1944 година тука е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија или познато како АСНОМ. Манастирот Прохор Пчински денес претставува целина во која се испреплетени културно историските спомени.
![3.jpg](https://static.wixstatic.com/media/2709ee_6f9e4cd16fe942b893ac518f2a87e4cf~mv2.jpg/v1/fill/w_333,h_222,al_c,q_80,usm_0.66_1.00_0.01,enc_avif,quality_auto/2709ee_6f9e4cd16fe942b893ac518f2a87e4cf~mv2.jpg)
![vranje.webp](https://static.wixstatic.com/media/2709ee_0d329d0d95bc4fc3a4128b59b0eae3e7~mv2.webp/v1/fill/w_333,h_222,al_c,q_80,usm_0.66_1.00_0.01,enc_avif,quality_auto/2709ee_0d329d0d95bc4fc3a4128b59b0eae3e7~mv2.webp)
Опис на програмата
Се поаѓа во 05.00 часот од паркингот пред спортска сала Боро Чурлевски . Се патува преку Прилеп, Велес, Скопје и Куманово. Попатни паузи и царински формалности . Пристигнување во манастирот околу 09.00 часот. Разглед на манастирот и слободно време. Во договор со групата се упатуваме кон Врање. Слободно време за прошетки и разгледи низ центарот на Врање и шопинг во ЛИДЛ. Во попладневните часови се поаѓа за Битола преку граничен премин Табановце. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
Напомени:
-
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
-
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
-
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).