
Рилски Манастир
Благоевград
Опис на Екскурзија
Се поаѓа во 04:30 часот од паркингот пред спортска сала. Денско возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во РИЛСКИОТ МАНАСТИР во утринските часови. Манастирот се наоѓа во западниот дел на планината Рила на 1150 метри надморска височина, во близина на селото Пастра (13 км). Манастирот е оддалечен 47 км од Дупница, 84 км од Ќустендил и 111 км од Софија. Рилскиот манастир, или подобро познат, Трезорот на Бугарија, благословен и расцутен цвета во пазувите на планината Рила, каде што реките Друшилвица и Рилска се богато внесени. Рилски манастир е најголемиот и најстар православен манастир на Балканот посветен на Св.Јован Рилски.Овој манастир има примено бројни признанија за неговиот развој и културна и уметничка вредност. Од 1961 година Рилски манастир е претворен во Национален музеј, а УНЕСКО го прогласува целиот комплекс за споменик на културата со светско значење. Уништен од пожар на почетокот на 19 век, комплексот бил повторно изграден помеѓу 1834 и 1862 година.


Посета на Благоевград
По разгледот на манастирот се упатуваме кон Благоевград. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот. Можност за органзиран ручек во Благоевград . Потоа се упатуваме кон МЕТРО шопинг центарот .Слободно време за шопинг. Во договорено време собир на групата и поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Напомени:
-
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
-
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
-
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).