
Тумане
Доживејте го спокојството на манастирот Тумане и убавината на Сребреното езеро на мирна екскурзија! Истражете ги духовните места, уживајте во прекрасната природа и опуштете се покрај мирното езеро.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
4,600мкд
1.ДЕН 29.03.2025
Се поаѓа во 23:00 часот од Битола. Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.


2.ДЕН 30.03.2025
Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Посета и до испосницата на Свети Зосим која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Испосницата е во карпа каде има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител, а покрај пештерата има чудотворен извор.
3.ДЕН 31.03.2025
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон Ниш. Разглед на центарот на Ниш. Слободно време за шопинг, кафе и ручек. Во пладневните часови се поаѓа за Македонија. Попатни паузи и царински формалности . Пристигнување во вечерните часови.

Во цената не е вклучено:
-
Патничко осигурување (информација во агенција)
-
Туристичка такса 2 евра по лице – задолжително се плаќа во автобус
-
Користење на Спа ценатрот ( 6 евра)
Напомени:
-
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
-
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
-
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).