top of page
logo-banner.jpg
Image by JinHui CHEN

Будва

Прв ден 30.12.2025

Поаѓање во 23.00 часот од паркингот пред спортска сала.Ноќно возење со попатни одмори преку Албанија. Утрото влез во Црна Гора.

Image by Mika Ruusunen
Image by Laurynas Žižys

Втор ден 31.12.2025

Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2026 година пред платото на Стариот град во Будва со богата уметничка програма со Теодора Шчепановиќ ,Емина Јаховиќ и Ацо Пејовиќ.Ноќевање.

Трет ден 01.01.2026

Заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино.  Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот и посета на Порто Монтенегро. Враќање во Будва. Вечерта концерт на Бијело Дугме на платото пред стариот град. Ноќевање

Image by olga brajnovic
Image by Linda Gerbec

Четврт ден 02.01.2026

Одјавување од апартманите и поаѓање за Бар. Посета на црквата Св.Јован Владимир и слободно време за кафе . Во договорено време се поаѓа за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација

  • сместување на база 2 ноќевања  во апартмани

  • посета на Бар

  • организација и водство на патувањето

​​

Цена на аранжманот: 6.700 денари (109 евра) 

Во цената не е вклучено

  • здравствено патничко осигурување

  • туристичка такса хотелска(задолжително)- 1,5 евра на  ден

  • посета на Котор ,Тиват и Порто Монтенегро -20 €

  • влезници за културно историските споменици

bottom of page