
Дубровник
Дочекајте ја Новата Година со нез аборавно крајбрежно бегство! Започнете го вашето патување во прекрасниот град Дубровник, а потоа истражувајте го шармот на Јадранот.
Прв ден 30.12.2025
Битола - Прилеп - Велес - Скопје - Будва - Дубровник
Состанок на групата во 21:00 . Патување преку Прилеп, Велес, Скопје и граничниот премин Блаце кон Будва, со попатни одмори и царински формалности.


Втор ден 31.12.2025
Будва - Дубровник
Пристигнување во Будва во утринските часови. Разглед на старото јадро на градот, прошетка низ историските знаменитости. Заминување кон Дубровник, прошетка низ Страдун, посетa на Катедрала, Синагога, Тврдина Бокар, Кнежевски Двор – Дубровачки Музеј. Сместување во хотел 4*. Вечера.
Дочек на Новата 2026 година на плоштад!. Ноќевање.
Трет ден 01.01.2026
Манастир Тврдош - Требиње - Дубровник
Појадок.По појадокот се упатуваме кон манастирот Тврдош, во близина на Требиње. Следува разгледување на манастирскиот комплекс и црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица, како и манастирските ѕидини и археолошките остатоци од стариот храм.
Манастирот Тврдош е познат по тоа што Свети Василије Острошки бил замонашен токму тука и во него живеел дванаесет години. Денес, монасите во манастирот произведуваат традиционално вино, кое посетителите имаат можност да го дегустираат и купат.


По посетата на манастирот се упатуваме кон Требиње – градот на сонцето и виното.Шетајќи низ неговите тесни улички, ќе ги посетиме и разгледаме:
-
Соборната црква Преображение на Господ,
-
Католичката катедрала на Блажена Богородица,
-
Осман-Пашината џамија.
Низ градот тече реката Требишњица, а нејзините два брега ги поврзуваат бројни мостови, меѓу кои се издвојуваат Мостот на Иво Андриќ, Камениот мост и Асланагиќевиот мост.
Следува слободно време за индивидуален разглед и уживање во шармот на Требиње.По завршениот разглед се упатуваме кон Дубровник.
Четврти ден 02.01.2026
Дубровник - Меѓугорје - Мостар
Појадок. По појадокот, заминување кон Меѓугорје, едно од најпознатите и најпосетувани католички светилишта во Европа. Од 1981 година, кога група млади луѓе сведочеле дека им се појавила Блажената Дева Марија, Меѓугорје станало место на мир, молитва и духовно обновување за милиони поклоници од целиот свет.Посета на Брдо на појавувањето (Подбрдо) — местото каде што се случиле првите визии. Кратка молитва и можност за лично размислување во тишината на ова свето место, опкружено со маслинови дрвја и симболични скулптури на Тајните на Светата Бројаница.
По духовното доживување во Меѓугорје, патувањето продолжува кон Мостар, бисерот на Херцеговина и град кој со векови претставува симбол на соживот меѓу различни култури и религии.
Пристигнување во стариот дел на Мостар, прошетка по живописните калдрмисани улички исполнети со продавници за ракотворби и традиционални кафеани. Посета на прочуениот Стари мост – ремек-дело од османлискиот период изграден по наредба на Султаност Сулејман Величенствени и симбол на помирувањето и поврзувањето на народите од двете страни на реката Неретва.Ќе имате време за кафе или ручек во некој од чаршиските ресторани со прекрасен поглед кон мостот.
Во попладневните часови – враќање во Дубровник.Вечера и ноќевање


Петти ден 03.01.2026
Дубровник - Котор - Скопје - Велес - Прилеп - Битола
Појадок. По појадокот, заминување кон Котор, еден од најубавите градови на Јадранското крајбрежје, сместен во спектакуларниот Бока Которска залив – најјужниот фјорд во Европа.Разглед на стариот град Котор, кој е под заштита на УНЕСКО, со прошетка низ неговите тесни улички, средновековни плоштади, и впечатливи камени палати. Ќе ги посетиме Катедралата Св. Трифун, Црквата Свети Никола и старите градски ѕидини и кулата со часовникот, симбол на градот.Кратко време за одмор и кафе со поглед кон заливот – еден од најфотогеничните пејзажи на Јадранот.
По разгледот, продолжување на патувањето преку Албанија и Косово, со попатни паузи за одмор и освежување. Ќе имате можност да уживате во променливите предели — од бреговите на Јадранот, преку планинските долини и историските места во внатрешноста на Балканот.
Во вечерните часови – пристигнување во Скопје па до Битола.
Во цената е вклучено:
-
Автобуски превоз со високо туристички автобус по програмата со поаѓање од Битола, Прилеп, Росоман, Велес и Скопје
-
Хотел 4* со појадок и вечера (шведски стол)
-
Организирани разгледи во Будва, Котор и Дубровник со локален водич
-
Организација и водство на патувањето
-
Пратител–водич за цело време на патувањето
Редовна цена 299 €
Резервации до 15 Ноември e 279 € со задолжителна резервација на пакетот факултативи со попуст 60 € (плаќање на факултативите во автобус)
Во цената не е вклучено:
-
Влезници за културно-историски споменици
-
Задолжителна факултативна посета на Меѓугорје и Мостар (40 €)Задолжителна факултативна посета на Требиње и манастирот Тврдош (30 €)
-
Останати факултативни посети
-
Патничко осигурување ( 300,оо денари)
-
Туристичка такса во Дубровник – 6 € за 3 дена, се плаќа на рецепција на хотелот
Напомени:
-
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
-
За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
-
Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
-
Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
-
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
-
Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
-
За патувањето важат општите услови на патување на агенцијата


