top of page
logo-banner.jpg
halkidiki.jpg

Хотел "Eleni"
Амудиа

Хотел Елени има е семеен хотел со топла и пријатна атмосфера, сместен на само 200 метри од песочната плажа во прекрасното крајбрежно место Амудија. Познат е по одличната хигиена, љубезниот персонал и домашниот амбиент што нуди идеални услови за релаксиран одмор. Гостите го избираат поради одличниот сооднос на квалитет и цена, мирната околина и близината до познатите природни и историски знаменитости на Епир. Хотелот се наоѓа во местото Амудија, на западниот брег на Грција, во регионот Епир, на 18 км од Парга и околу 45 км од аеродромот Акцион (Превеза). Од песочната плажа го делат само 3 минути пешачење. Во близина се наоѓаат реката Ахерон, археолошкиот локалитет Некромантејон, древната Ефира и заштитениот природен резерват Калодики.

Сместување и содржини: Објектот располага со 26 соби: 17 двокреветни и 7 трокреветни, со можност за дополнително легло. Сите соби се просторни, модерно уредени, опремени со: клима-уред, телевизор, телефон, приватен тоалет со туш, фен, фрижидер, работна маса, балкон или тераса со поглед кон градина

Во хотелот гостите имаат на располагање: бар и кафетерија, простор за појадок шведска маса избор (домашни колачи, сирење, овошје, сокови.....), уреден двор со зеленило, салон/TV просторија, бесплатен јавен паркинг во близина

 

Двор и удобности: Хотелот располага со убаво уреден двор и пространа сончана тераса со маси и столови за одмор. Во непосредна близина се наоѓаат таверни, пекари и маркети, што овозможува пријатен престој без потреба од возење.

 

Услуга и хигиена: Собите се чистат секојдневно, а пешкирите и постелнината се менуваат на 3-4 дена. Гостите во рецензии ја истакнуваат исклучителната љубезност на домаќините, чистотата и појадокот. Хотелот се издвојува по топлината на персоналот и одличната организација.

Предности:

  • Одлична локација на 3 минути од плажа

  • Чисти и пространи соби

  • Појадок Шведска маса со домашни производи

  • Бесплатен паркинг и Wi-Fi

  • Мирна околина и семејна атмосфера

  • Одличен буџет понуда во однос цена/квалитет

Цената на аранжманот вклучува:

  • Сместување во избраното студио за 7 ноќи со појадок + превоз.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување.

  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

  • Турситичка Такса 2 евра по соба од ноќ

 

Напомени:

  • Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот).

  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовните цени;

  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време).

  • Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости.

  • Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

bottom of page