
Хотел "Moyses"
Лептокарија
Лептокарија е туристичко место на брегот на Егејско Море. Се наоѓа на околу 80 км од Солун, во подножјето на планината Олимп. Плажата е долга и песочна, а долж неа се протега преубаво шеталиште.
Шеталиштето, чистото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семеен одмор. Има многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици, како и игралишта и забавни паркови со детски активности и лулашки за најмладите.
Цените се многу пониски и поволни во таверните каде што се нудат грчки специјалитети. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Градската плажа е долга околу 5 км и има сино знаме, со што се докажува чистотата и квалитетот на водата.
Поради огромната побарувачка, оваа година за вас го имаме цел хотел Moyses на располагање.
Опис на хотелот Moyses
Хотел Moyses се наоѓа на приближно 80 м од плажа. Хотелот располага со соби за 2, 3, 4 и 5 лица. Во секоја од собите има единечни кревети. Хотелот располага и со апартмани од две соби, за 5 лица. Сите соби се на 1 и 2 спрат и имаат своја тераса каде што има маса и столчиња. Во кујната има рингли за подготовка на храна и прибор за онолку лица колку што ќе престојуваат.
Клима уред: се доплаќа 7 € од ден по соба.
Хотелот располага со базен кој патниците може бесплатно да го користат.
Термини секој Петок и Недела – цени по лице за 7 ноќевања со превоз.
Цените се изразени во евра. Уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 € = 62 мкд.
Што е вклучено во цената
-
7 ноќевања во Хотел Moyses (цени по лице, без појадок).
-
Вклучен автобуски превоз од Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија.
-
Користење на базен во хотелот.
-
Користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
Што не е вклучено во цената
-
Доплата за туристичка такса – 14 € по соба за престој (се плаќа на рецепција).
-
Патничко осигурување – задолжително, не е вклучено во цената.
-
Доплата за клима уред – 7 € од ден по соба.
-
Други лични трошоци.
Важно напомени
-
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети.
-
Над дозволениот број може, на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5,99 години.
-
ПРОМО цените за Black November важат исклучиво со целосна уплата.
-
Кога цените се ПРОМО, за уплата на два последователни термини се рачунат две ПРОМО цени.
-
За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст.
-
Попустите не се комбинираат.
-
Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.
-
Сместување во собите е по 14:00 часот (локално време), а напуштање на истите е до 09:00 часот.
-
По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-
Доколку настане штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот.
-
Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи; поради тоа не може да се направи промена на термин.
-
За време на патувањето ќе бидат запазени сите пропишани протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last Minute понуда да објави и продаде слободни капацитети по цени различни од оние во ценовникот.
Информациите и цените се подложни на промени. Проверете ја моменталната понуда и активните попусти при самата резервација.













