
Нова Година во Истанбул
Уживајте во градот на два континента, прекрасниот Босфор за Нова Година. Истанбул ќе ве остави без здив.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 159 евра
Прв ден – Вторник (30.12.2025)
Средба на групат а на паркингот пред спортска сала Боро Чурлевски во 16:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:30 часот. Ноќно возење преку Грција, попатни паузи и царински формалности.


Втор ден – Среда (31.12.2025)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Багажот се остава на рецепцијата во хотелот и во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија ,Аја Софија и Сината џамија.После разгледите слободно време за индивидуални прошетки и разгледи и враќање во хотелот. Сместување во собите. Во вечерните часови дочек на Нова година на приватен брод на Босфорот со вечера и многу забава. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Трет ден – Четврток (01.01.2026)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасно крстарење од час и половина по Босфорот при што ке ги разгледаме знаменитостите на Истанбул од поинаков агол По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме населбата Кадикој на азиската страна . Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. Потоа се упатуваме кон најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање..Враќање во хотелот. Ноќевање


Четврт ден – Петок (02.01.2026)
По појадокот, се поаѓа за едно од најпосетуваните места во Истанбул – видиковецот Пиер Лоти каде се искачуваме со жичара а слегуваме пешки. По разгледот можност за прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството. По посетите се поаѓа за населбата Ортакој позната по печениот компир. На враќање одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.
Петти ден – Сабота (03.01.2026)
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и поаѓање за познатиот трговски центар Outlet 212. Слоб одно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Битола во утринските часови во понеделник.

Во цената е вклучено:
-
Превоз на наведената релација со туристички автобус
-
3 ноќевања со појадок во хотел
-
Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија
-
Посета на трговскиот центар Outlet 212
-
Туристички пратител за време на престојот
-
Организација на аранжманот
Пакет Premium - 70 евра
-
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
-
Посета на населбата Кадикој во Азија
-
Крстарење по Босфорот
-
Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој
-
Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија
Во цената не е вклучено:
-
Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден
-
Дочек на Нова Година на брод со вечера (цена дополнително)


