top of page
logo-banner.jpg
Image by Luna Zhang

Истанбул

Уживајте во градот на два континента, прекрасниот Босфор. Истанбул ќе ве остави без здив.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 109 евра

ПАКЕТ SILVER - 55 евра

​​

  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул

  • Посета на населбата Кадикој во Азија

  • Крстарење по Босфорот

  • Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој

ПАКЕТ PREMIUM - 65 евра

  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул

  • Посета на населбата Кадикој во Азија

  • Крстарење по Босфорот

  • Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој

  • Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија

Прв ден – Четврток (28.03)

Средба на групата на паркингот пре спортска сала Боро Чурлевски во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Galata Bridge and Galata Tower
View of Galata Tower from an Old Street

Втор ден – Петок (29.03)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Багажот се остава на рецепцијата во хотелот и во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија ,Аја Софија и Сината џамија.После разгледите слободно време за индивидуални прошетки и разгледи и враќање во хотелот. Сместување во собите. Во вечерните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.

Трет ден – Сабота (30.03)

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.

 

Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

 

По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме населбата Кадикој на азиската страна . Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.

 

Враќање во хотел . Факултативно турска вечер на брод . Ноќевање

Image by Syed F Hashemi
Image by Scorn Pion

Четврт ден – Недела (31.03)

По појадокот, следува одјавување од хотелот и поаѓање за едно од најпосетуваните места во Истанбул – видиковецот Пиер Лоти каде се искачуваме со жичара а слегуваме пешки. По разгледот можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството. За тие кои ќе останат во Аксарај, поаѓање од хотелот во договорено време.

 

По комплетирањето на групата се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој во моментов се реновира.

 

Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Битола во утринските часови во понеделник.

Во цената е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус

  • 2 ноќевања со појадок во хотел

  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,

  • Посета на трговскиот центар Форум Истанбул

  • Туристички пратител за време на престојот

  • Oрганизација на аранжманот

Во цената не е вклучено:

Задолжително патничко осигурување 350 денари по лице

Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден

 

Факултативни излети:

  • Крстарење по Босфорот – 20 евра

  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој – 20 евра

  • Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој – 20 евра

  • Пиер Лоти , Балат и Вселенската патријаршија, – 10 евра

  • Турска вечер на брод на Босфорот со вечера – 45 евра

bottom of page