top of page
logo-banner.jpg
halkidiki.jpg

Куќа "Kostas"
Јерисос

Куќа “Kostas” се наоѓа на одлична локација на само50 метри од прекрасната песочна плажа, а во многу мирен дел. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартман. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.

Дуплекс апартман број 1A (дуплекс1/4 + 2) – приземје, простран дуплекс. Дуплекс апартманот има две спални соби со брачен кревет. Дневна со софа на пуштање, опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет, како и голема тераса со маса и столови.

 

Апартман број 2А (1/3+2) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна)  и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има спална со брачен кревет и мал кревет за дете и во кујна уште еден помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.).

 

Апартман број 3А (1/4 ) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица. Има спална со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и софа на пуштање. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

 

Апартман број 1Б (1/3 + 1) –прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревети во кујна помал кревет(наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

 

Апартман број 2Б(1/3 + 1) –прв кат, голем, простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревет и кујна со помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса сомаси и столови.

Напомени и услови:

- Цените означени со * се вонсезонки и се дадени по лице со вклучен превоз.

- За сопствен превоз, за вонсезонските цени, цена се намалува 10 евра (620 денари).

- Во вонсезонските цени, во апартманите бр. 2A,3A,1Б и 2Б плаќаат минимум 3 лица|4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО,плаќаат само превоз доколку користат;

- Во вонсезонските цени, во дуплекс бр. 1А плаќаат минимум 4 лица| 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;

- Останатите цени без* се дадени за наем на апартман за 7 ноќевања.

Цена за превоз:

- За возрасни 3.100 мкд. (45 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)

- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец2.170 мкд. (35евра)

- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

НАПОМЕНИ:

- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.

- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).

- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе.Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

- Сместување во собите е по 14.00 ч, а напуштање на истите е до 09.00 ч. локално време.

- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престо јдолжни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите,истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови

- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.

bottom of page