top of page
Image by Laurentiu Iordache

Будва

Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара  и е најатрактивното место на Јадранскиот брег позната по Стариот Град, по ноќниот живот со многу дискотеки, кафичи, ресторани …. Туристичката организација на Општина Будва организира бесплатни новогодишни настани на плоштадот пред самиот Стар Град со разновидна програма со бројни музички изведувачи и огромнен огномет. Не постои позната музичка ѕвезда од регионот која нема посакано здравје, среќа и успех на десеттици илјади луѓе собрани на будванскиот плоштад. Така ќе биде и оваа  година!

1.Ден 29.12.2024

Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Будва. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Image by Ender Vatan
Image by Kristi Liko

2.Ден 30.12.2024

Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот.  Вечерта слободно време за забава на плоштад со бројна организирана музичка програма, а секако постои и можност да продолжите во некој од ноќните клубови, ресторани итн.  Ноќевање.

3.Ден 31.12.2024

Факултативен целодневен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА – НАСКОРО ПРОГРАМА. Ноќевање.

Image by Ivan Ivankovic
Image by Abenteuer Albanien

4.Ден  01.01.2025

Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус

  • 2 ноќевања во апартмани во Будва

  • Организација и водство на патувањето

  • Пратител на групата за време на целото патување

Промо Цена – 99 

Редовна Цена – 109 eur

Во цената не е вклучено

  • ДУБРОВНИК со вклучен траект на заливот Бока Которска – 30 еу,

  • КОТОР, ТИВАТ, ПОРТО МОНТЕНЕГРО – 15 ЕУ

  • Патничко осигурување -ИНФОРМАЦИИ ВО АГЕНЦИЈА

  • Туристичка такса 1,5 еу по ден по лице ( се плаќа во автобус)

Напомена:

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

bottom of page