Нова Година во Сараево
29.12.2024
Собир на групата во 17.45 часот на паркингот пред спортска сала . Поаѓање за Сараево во 18:00 часот . Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово. Граничен премин Табановце. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.
30.12.2024
Во утринските часови пристигнување во Вишеград . Разглед на Мостот на Дрина . Факултативно крстарење со брод по реката Дрина. Посета на Андриќград изграден по иницијатива на познатиот режисер Емир Кустурица .Во договорено време се поаѓа за Сараево .По пристигнувањето се оди во хотелот. Доколку се спремни собите се сместуваме и има кратка пауза, во спротивно се продолжува веднаш со локалниот водич по програма. Факултативна посета на Тунел Спаса (изграден за време на опсадата на Сараево ) и факултативен разглед на Врело Босне ( еден од најубавите паркови кој се наоѓа на изворот на реката Босна) . По разгледите се упатуваме во центарот на Сараево на пешачка тура со локален водич каде ке ги посетиме позатата Башчаршија Себиљ, Мостовите на Миљацка.... Слободно време за прошетки и индивидуални активности.
31.12.2024
Појадок. По појадокот целодневна факултативна екскурзија во Мостар Попатна посета на Јабланица и Мостот на Неретва каде се водела Битката за ранетите. Продолѓуваме до едно од најубавите места во Босна и Херцеговина oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНЕ, изворот на реката Буна Овде се испреплетуваат историјата, архитектурата и природата. Ова место е уникатен природен и архитектонски музеј. Изворите го хранат коритото со чиста и студена вода, а објектите кои се надраснуваат над водата се изградени уште од 15-ти век, што на ова место му дава културно значење. По разгледот одиме за МОСТАР. Мостар е познат како најтоплиот град во поранешна Југославија Изграден на двата брега на реката Неретва. Прошетки и разгледи низ стариот дел на градот, чаршијата, “Стариот мост” . Слободно време за ручек во некој од многубројните ресторани изградени во етно стил. Во договорено време се враќаме назад во Сараево Дочек на Нова Година на плоштад.
Ноќевање.
01.01.2025
Појадок.Одјавување од хотелот . Факултативна посета на Босанските пирамиди. Во 2005 година Др Семир Османагиќ доаѓа до сензационално откритие дека околните ридови кај градот Високо се со правилни форми на пирамида. Ридот Височица го нарекол босанска „Пирамида на сонцето“ (со висина од 220 метри, тој е поголем од Кеопсовата пирамида), а ридот Плешевица станал „Месечината пирамида“ (190 метри). Долината на пирамидите ги вклучува и 90-метарската „Змејска пирамида“ (Бучи), висините на „Храмот на Мајката Земја“ (Крстач) и „Пирамидата на љубовта“ (Чемерак). По посетата се упатуваме кон Македонија. Патниците кои не доаѓаат на оваа факултатива ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Во цената е вклучено:
-
Сместување во хотел 3* во Сараево / 2 ноќевања со појадок
-
Превоз на дадената релација (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)
-
Tуристички придружник за време на целото патување
-
Разглед на Сараево со локален водич
-
Посета на Вишеград
-
Посета на Андриќград
Промо Цена – 129
Редовна Цена – 149 eur
Во цената не е вклучено
-
Патничко осигурување
-
Туристичка такса 1 евро по ден по лице која се плаќа задолжително во автобус
ФАКУЛТАТИВА – 60 eur пакет
Босански пакет (Посета на Тунел Спаса, Врело Буне, Јабланица, Мостар, Врело Босне) Заштеда – 10 eur
ФАКУЛТАТИВА МОСТАР – БЛАГАЈ – 45 eur
ФАКУЛТАТИВА ТУНЕЛ СПАСА – ВРЕЛО БОСНЕ – 25 eur
Факултатива БОСАНСКИ ПИРАМИДИ – 25 eur Крстарење по Дрина во Вишеград – 10 eur