top of page
logo-banner.jpg
© Конзул Травел, Рафтинг на Тара

Рафтинг на Тара и Дрина

Адреналин Кој Се Памти!

Подготви се за вистинска авантура што се доживува еднаш - Рафтинг на двете најпознати реки на Балканот: Тара и Дрина!

Тиркизно сина вода , моќни брзаци, спектакуларни кањони и природа што остава без здив. Ова не е обично патување - ова е експлозија од адреналин, емоции и незаборавни моменти.

Рафтинг на Тара - “Солзата на Европа”

Рафтинг на Дрина - совршена комбинација на адреналин и уживање

 

Одлична атмосфера и дружење и спомени што ќе ги раскажуваш со години!

Image by Anne Nygård
Image by Rune Haugseng
  • Организиран превоз

  • Професионални рафтинг водичи и целосна опрема

  • Сместување и оброци (според програмата)

  • Комплетна организација од Конзул Травел

  • Идеално за друштва, пријатели, авантуристи

  • Бројот на места е ограничен

  • Резервирајте навреме и доживејте авантура што не се заборава

*Рафтингот се одвива на две реки

  • Тара 20 км.

  • Дрина 5 км.

30.04.2026

Состанок на групата во 20.45 часот. Планирано поаѓање околу 21 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во утринските часови на 01.05.2026 во Вишеград. Посета на мостот на Дрина, Андриќ град, и освежување од патот .Можност за Крстарење по Дрина. Посета на Фоча, пауза за ручек. Фоча е еден од поубавите градови во Босна. Во договорено време со водичот поаѓање спрема кампот. Пристигнување во попладневните часови, сместување и слободно време за прошетки во прекрасната природа. Сместување. Овде ќе бидете сместени во бунгалови околу кои воздухот е свеж и искуството е незаборавно. Вечера. Забава. Ноќевање.

© Конзул Травел, Рафтинг на Тара
© Конзул Травел, Рафтинг на Тара

02.05.2026

Денот ни започнува со појадок. Групата ќе биде во постојана комуникација со стручен локален водич како и со туристичкиот пратител од агенцијата. После појадокот секој учесник на рафтингот задолжува весло, заштитен елек и шлем, неопренско одело и неопренски чизми. Почетниците, обично туристи, добиваат прецизни упатства од стручен водич (Скипер) што мора строго да ги следат за време на рафтингот. .Во договорено време со групата се упатуваме кон почетната точка за РАФТИНГ НА ТАРА и ДРИНА каде одиме со теренско возило. РАФТИНГОТ СЕ СОСТОИ ОД ПРЕДИЗВИЦИ И АДРЕНАЛИН!!!

На многубројните списоци на најдобри места за рафтинг на европска територија свое место има фантастичната црногорска река Тара. Тара ја носи титулата „Солза на Европа“ што ја доби како дел од транспарентноста, чистотата, но и убавината. Кањонот, но и реката Тара е заштитена како дел од светското наследство на УНЕСКО. Создадена е со спојување на реките Опасаница и Веруша, веднаш под планината Комови во Црна Гора.

Дрина ќе го понуди најнезаборавното искуство, совршена комбинација на адреналин и уживање

Враќање за ручек. 

 

После ручекот во договорено време со водичот се упатуваме на Факулативен спуст на неповторливиот ZIP LINE, едно неверојатно искуство кое ќе го дополни адреналинскиот ден. Патниците кои нема да доаѓаат на Zip Line, ќе имаат слободно време за прошетка и одмор.

Враќање во кампот.Следува вечера.Време за забава и одмор. Ноќевање.

03.05.2026

Појадок. Одјавување од собите. Продолжуваме према Златибор и прекрасниот комплекс EL PASO.Во тематскиот парк Ел Пасо Сити на планината Златибор, можете да видите како изгледале каубојски град, индијанско село и традиционална населба Златибор помеѓу 1865 и 1890 година, на два различни страни од светот.

 

Можност за ручек и слободно време за прошетка. Во договор со водичот се собира групата и се поаѓа према Македонија. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

© Конзул Травел, Рафтинг на Тара

ЦЕНAТА Е ПО ЛИЦЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТИПОТ НА СМЕСТУВАЊЕ!!!

1/2 сместување во Бунгалов

Редовна цена 219 евра

Промо цена 199 евра

1/4 сместување во Бунгалов

Редовна цена 209 евра

Промо цена 189 евра

1/5 сместување во Бунгалов

Редовна цена 199 евра

Промо цена 179 евра

1/6 сместување во Бунгалов

Редовна цена 199 евра

Промо цена 179 евра

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања во одбрано сместување со 5 оброци (ПОЈАДОК, РУЧЕК И ВЕЧЕРА)

  • Рафтинг на Тара и Дрина со инструктори (целосна опрема, одела, весла, сигурносни појаси)

  • Автобуски превоз на дадената релација (БИТОЛА, ПРИЛЕП, ВЕЛЕС, СКОПЈЕ, КУМАНОВО). За сите останати места организиран трансфер до најблискиот град од горенаведените.

  • Сите трансфери со комбе или џип за рафтинг

  • Туристичка такса и такса за време на целиот престој

  • Туристички пратител за време на патувањето

  • Лиценциран водич за рафтинг

  • Целосна организација

Во цената не е вклучено:

  • Пијалоците за време на оброците не се вклучени во цената.

  • Индивидуални активности

  • Факултативни разгледи и услуги

  • Влезница за El Paso (5 евра)

ФАКУЛТАТИВНИ РАЗГЛЕДИ И УСЛУГИ:

  • ZIP LINE 25 евра

  • Крстарење по Дрина 10 евра

  • Влезница за EL Paso 5 евра

Напомени:

  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

  • Сликите кои се искористетни на нашата веб страна konzultravel.com се во сопственост на Конзул Травел и се заштитени со авторско право ©.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

bottom of page