top of page
halkidiki_edited.png

Студија "С" Ханиоти

Ако сакате вашиот престој, да го поминете уживајќи покрај море, покрај кристално чиста вода и белата песок на плажата, во истражување на богатата историја, уживајќи во врвната гастрономија, ХАНИОТИ е идеален избор за вашиот незаборавен одмор или подолг престој. Препознатливо е по космополитската атмосфера, традиционалното се меша со модерните европски трендови. Ханиоти е место кое гарантира релаксирачки и незаборавен престој, има голем број хотели, апартмани и вили, бутици, продавници, бројни ресторани, кафе барови и традиционални таверни што ќе го задоволи секое семејство, исто така има и модерни барови и денс- клубови кои нудат вечерна забава за сите возрасти, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.Овде имате можност за факултативни излети и екскурзии, така што можете да ги посетите Света Гора, Метеорите, заливот Торонеос.

S-STUDIO се наоѓа на 20м. од пешачката зона со многубројни продавници, кафичи, на само 2мин. до прекрасната песочната плажа и на 800 м. од познатиот бич бар Молос .

Check in:   14:00h.
Check out: 09:00h.

3+1 студио,  француски лежај + единечен кревет, опремено со кујна, шпорет, нов фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, сопствено дворче, Wi-Fi интернет, купатило со туш, клима уред.
(погоден за 3 возрасни лица, или за фам. со 2 деца до 12год. можност за помошен лежај со доплата)

Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Во цената е вклучено:

  • 7 Ноќевања,

  • Интернет (Wi-fi) (агенцијата не гарантира за брзината и јачината),

  • Клима

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,

  • Патничко осигурување,

  • Паркинг,

  • Доплата за помошен лежај  30еур (за 7ноќи) се плаќа на лице место кај преставникот,

  • Туристичка такса 1,5 евра на ден (се плаќа во агенцијата)

Превоз

Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од:

 

Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики:

Скопје – Дрводекор

04;00 - 45 €

Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)

04:30 - 45 €

Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес

03;40 - 60 €

Неготино – (БП Неготино)

05;00 - 45 €

Граничен премин – (БП Шимов)

06;00 - 45 €

Цена по лице за превоз Битола- Халкидики:

Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон

04;00 - 40 €

Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола

03;15 - 40€

Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола

02;15 - 50 €

Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола

02;30 - 50 €

Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола

03;15 - 50 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

Калитеа - 14:00

Полихроно - 13:45

Ханиоти - 13:30

Пефкохори - 13:15

bottom of page