Вила "Блу" Сарти
Вилата се наоѓа во новиот дел на Сарти, попознат како плажата Сарти Бич, во средина идеална за пријатен и релаксирачки одмор. Само шеталиштето ја дели вилата од песочниот дел на плажата, каде што влезот во морето е постепен, погоден за семејства со мали деца. Од Центарот на Сарти е одалечена на 1,7км.
Сместувачките капацитети се дизајнирани за сместување од две до четири лица. Голем број студија/апартмани имаат директен или страничен поглед на море, поглед на градина, 1/2 еко студиа кој немаат поглед , а секое од нив има комплетно опремена кујна, бања/тоалет, тераса или седење, ТВ, WiFi интернет и клима (се доплаќа на лице место од 5 еур на ден)
Вилата нуди:
-
Eko 1/2 студиата (гледат во ѕид) на приземје или втори спрат имаат дупло легло или твин споени кревети
-
Еко 1/3 студиата се на приземје и немаат сопстена тераса, т.е седењето им се наоѓа пред врата во внатрешниот дел на вилата (двор)
-
1/2ссв студиата гледат во ѕид и странично према море (нема чист поглед) дупло легло
-
1/2пул вју се свртени од внатрешноста према базен, дупло легло
-
1/3+1 собата е лоцирана на приземје и има своја надворешна тераса, со 2 дупли легла, од кој едното 140см, второто 160см
-
1/4св е лоцирана на 1ви спрат и гледа према улица и према море, со две брачни легла.
Максимум сместување на едно дете до 3.99год е дозволено да дели легло со родители.
За оваа програма нема да има организиран превоз, понудата се однесува за со сопствен превоз
Во цената е вклучено:
-
7 Ноќевања,
-
Интернет (Wi-fi) (агенцијата не гарантира за брзината и јачината)
Во цената не е вклучено:
-
Превоз,
-
Патничко осигурување,
-
Паркинг,
-
Туристичка такса 1,5 евра на ден (се плаќа во агенцијата)