top of page
halkidiki_edited.png

Вила "Декавил" Геракини

На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.

Апарт-вила Декавил се наоѓа на влезот во Геракини, на оддалеченост околу 30 метри од најубавиот дел на песочната плажа. Апарт хотелот се состои од двокреветни, 1/2+1 со фотеља на расклопување (погодна за деца до 11,99год) 1/2+1 со кревет на извлекување (големина за возрасен)  и четворокреветно студио (на приземје) и едноспален апартман со поглед на море на прв спрат. Останатите соби се наоѓаат на приземје, први и втори кат, дел од нив гледаат странично на море. Исто така една двокреветна соба има можност за сместување на лице со посебни потреби, т.е има механизам за влез во соба преку тераса, доколку користи количка за движење. Собите се опремени со квалитетен мебел и новоизградени, комплетно опремени кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима која се доплаќа во објектот (5 евра на ден) и интернет вклучен во цената. Во склоп на вилата има мал ресторан, каде се служи кафе и пијалоци, наутро може да се подготви појадок по пристапни цени (ладен и топол појадок)

Ценовник - Сабота

Ценовник - Недела

Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).

Во цената е вклучено:

  • 7 Ноќевања,

  • Интернет (Wi-fi) (агенцијата не гарантира за брзината и јачината),

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,

  • Патничко осигурување,

  • Паркинг,

  • Клима која се доплаќа во објектот (5 евра на ден)

  • Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа на лице место)

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ситонија – Геракини (секоја Сабота)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Геракини чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Сабота)

  • Скопје (Дрводекор) – 55еур по лице

  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес –70еур по лице

  • Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 55еур по лице

  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –55еур по лице

  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 55еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ситонија:

  • Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 50еур по лице

  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –60еур по лице

  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –60еур по лице

  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 60еур по лице

  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 60еур по лице

  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена

  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

bottom of page