top of page
halkidiki_edited.png

Вила "Меропи" Калитеа

Вила Меропи се наоѓа на главната улица, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите и излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, а најблиското место за паркирање е на 200м од самата вила. Во нејзина близина се наоѓа маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стигнува преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон без поглед (гледаат во ѕид на друга вила), ТВ, клима без доплата и wi-fi.

Туристичка такса се плаќа на лице место по соба на ден од 1,5еур. 

Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).

Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Превоз

Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од:

 

Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики:

Скопје – Дрводекор

04;00 - 45 €

Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)

04:30 - 45 €

Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес

03;40 - 60 €

Неготино – (БП Неготино)

05;00 - 45 €

Граничен премин – (БП Шимов)

06;00 - 45 €

Цена по лице за превоз Битола- Халкидики:

Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон

04;00 - 40 €

Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола

03;15 - 40€

Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола

02;15 - 50 €

Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола

02;30 - 50 €

Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола

03;15 - 50 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

Калитеа - 14:00

Полихроно - 13:45

Ханиоти - 13:30

Пефкохори - 13:15

bottom of page