top of page
halkidiki_edited.png

Вила "Посеидон" Калитеа

Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Вилата нема сопствен паркинг, но на само 30м оддалеченост од Вилата на гостите им е достапен бесплатен паркинг.  Вилата располага со трокреветни и четворокреветни студија. 

Ценовник - Недела

Ценовник - Сабота

Трокреветното студио кое се наоѓа на 3 кат, располага со брачен кревет за две лица, ( потесен од стандардните лежаи)  и едно единечно легло. Студиото е опремено со мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет (реновиран), wi-fi,  балкон кој гледа странично кон море и кон градина. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица (потесен од стандардните лежаи) и две единечни стандардни легла. Истите се наѓаат на  приземје – студио број 2 (без оградена тераса и реновиран тоалет), на трет кат – страничен поглед на море со број 23,24,25, 26 исто на 3 кат со реновирани тоалети, едно студио на четврти кат со директен поглед на море – со реновиран тоалет – бр.31 и  едно студио со поглед на градина кое се наоѓа на трет кат – со реновиран тоалет, број 21. Капацитет на собите е максимум 4 лица. Надвор од овој капацитет може да се смести исклучиво само дете до 3,99год. 

Туристичка такса се плаќа на лице место по соба на ден од 1,5еур. 

Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).

Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Превоз

Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од:

 

Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики:

Скопје – Дрводекор

04;00 - 45 €

Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)

04:30 - 45 €

Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес

03;40 - 60 €

Неготино – (БП Неготино)

05;00 - 45 €

Граничен премин – (БП Шимов)

06;00 - 45 €

Цена по лице за превоз Битола- Халкидики:

Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон

04;00 - 40 €

Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола

03;15 - 40€

Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола

02;15 - 50 €

Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола

02;30 - 50 €

Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола

03;15 - 50 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

Калитеа - 14:00

Полихроно - 13:45

Ханиоти - 13:30

Пефкохори - 13:15

bottom of page