top of page
halkidiki_edited.png

Вила "Теа" Калитеа

Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плажата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 (2Возр+1дете) студија и 1/3+1(3возр+1дете)  студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.

Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека брачното легло е со помали димензии. Студијата располагаат со брачно легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.

 

Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во димензии од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното ( до 6 години ) спие со родител на поголемото легло. Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.

Туристичка такса се плаќа на лице место по соба на ден од 1,5еур. 

Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).

Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Во цената не е вклучен превоз.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Превоз

Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од:

 

Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики:

Скопје – Дрводекор

04;00 - 45 €

Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)

04:30 - 45 €

Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес

03;40 - 60 €

Неготино – (БП Неготино)

05;00 - 45 €

Граничен премин – (БП Шимов)

06;00 - 45 €

Цена по лице за превоз Битола- Халкидики:

Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон

04;00 - 40 €

Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола

03;15 - 40€

Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола

02;15 - 50 €

Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола

02;30 - 50 €

Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола

03;15 - 50 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

Калитеа - 14:00

Полихроно - 13:45

Ханиоти - 13:30

Пефкохори - 13:15

bottom of page