Хотел "Akrothalassia" Лептокарија
Лептокарија (село од лешник) се наоѓа во подножјето на планината Олимп, на околу 100 км од Солун. Се смета за едно од најубавите одморалишта во Грција. Шеталиштето, топлото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семејства со деца, за оние кои сакаат вистински одмор, и за млади кои сакаат добра забава.
Хотелот Акроталасиа 3* се наоѓа во областа Пиериа, Лептокарија, на 1км одалеченост од центарот на Лептокарија, со идеална локација за оние кои преферираат мирен одмор. Хотелот е на прва линија од плажа, и располага со ресторан, базен, кафе бар, детско игралиште и рецепција. Со вкупно 18 соби, секоја опремена со клима (вклучена во цената), мини фрижидер, САТ ТВ, интернет, тоалет/туш, фен, балкон/тераса.
Хотелот работи на база полупансион (појадок на шветска маса) вечера на сет мени. Хотелот ќе почне со работа на 25.05.2024.
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
Превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа:
-
Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
-
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 60€ по лице
-
Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 45€ по лице
-
Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 45€ по лице
-
Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 45€ по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа:
-
Битола Автобуска станица Транскоп – на перон – 40€ по лице
-
Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола – 40€
-
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 45€ по лице
-
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -45€ по лице
-
Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -45€ по лице
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
-
Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10еур
-
Деца до 1,99 години бесплатно
Конзул Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или ако има промена на цената на горивото.
Време на поаѓање превоз од Скопје за Паралиа ( секоја Сабота )
-
03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес
-
04:00 h Скопје (Дрводекор)
-
04:30 h Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија)
-
05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
-
06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)
Време на поаѓање превоз од Битола за Паралија:
-
04:00 h Битола (автобуска станица Транскоп на перон )
-
03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола
-
02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола
-
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
-
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
Поаѓање од Грција:
14:00 h локално време, ( 13:00 h мак.време) Лептокарија