top of page
logo-banner.jpg
Image by Meriç Dağlı

Истанбул

Прв ден - 05.03.2026

Средба на групата на паркингот пре спортска сала Боро Чурлевски во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Image by Ibrahim Uzun
Image by Lewis J Goetz

Втор ден - 06.03.2026

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Багажот се остава на рецепцијата во хотелот и во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија, Аја Софија и Сината џамија. После разгледите слободно време за индивидуални прошетки и разгледи и враќање во хотелот. Сместување во собите. Во вечерните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Во договоренот време враќање во хотелот. Ноќевање.

Трет ден - 07.03.2026

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.

Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме населбата Кадикој на азиската страна . Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа на Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Тука може да го пробате специјалитетот на Ортакој, печениот копмпир. Во вечерните часови враќање во хотелот.

 

Враќање во хотел . Факултативно турска вечер на брод со забава и вечера . Ноќевање

Image by Osman Köycü
Image by Kayra Sercan

Четврт ден - 08.03.2026

По појадокот, следува одјавување од хотелот и поаѓање за едно од најпосетуваните места во Истанбул – видиковецот Пиер Лоти каде се искачуваме со жичара а слегуваме пешки. По разгледот можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството. За тие кои ќе останат во Аксарај, поаѓање од хотелот во договорено време.

 

По комплетирањето на групата се упатуваме кон познатиот трговски центар Outlet 212. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафe. каде ги има сите трговски марки по пониски цени.

 

Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Битола во утринските часови во понеделник.

Во цената е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус

  • 2 ноќевања со појадок во хотел

  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,

  • Посета на трговскиот центар Outlet 212

  • Туристички пратител за време на престојот

  • Организација на аранжманот

Цена: 109 евра

Факултативни излети:

  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбите Кадикој и Ортакој - 20 евра

  • Крстарење по Босфорот - 20 евра

  • Ноќен Истанбул со посета на Таксим и Галата кулата - 20 евра

  • Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија - 10 евра

  • Турска вечер на брод на Босфорот со вечера и забава - 50 евра

 

Во цената не е вклучено:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден

  • Задолжително патничко осигурување, 350ден по лице

Пакет факултативи - 65 евра

  • Панорамски разглед на европски Истанбул и населбата Ортакој

  • Панорамски разглед на азиски Истанбул со населбата Кадикој

  • Крстарење по Босфорот

  • Ноќен Истанбул со посета на Таксим и Галата кулата

  • Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија

bottom of page