
Истанбул
Уживајте во градот на два континента и прекрасниот Босфор. Истанбул ќе ве остави без здив.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 129 евра
Прв ден – Среда (30.04)
Средба на групата на паркингот пре спортска сала Боро Чурлевски во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење преку Грција, попатни паузи и царински формалности.


Втор ден – Четврток (01.05)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Багажот се остава на рецепцијата во хотелот и во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија ,Аја Софија и Сината џамија.После разгледите слободно време за индивидуални прошетки и разгледи и враќање во хотелот. Сместување во собите. Во вечерните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.
Трет ден – Петок (02.05)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. Незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме населбата Кадикој на азиската страна . Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. На враќање одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.
Враќање во хотел . Факултативно турска вечер на брод . Ноќевање


Четврт ден – Сабота (03.05)
По појадокот, се поаѓа за едно од најпосетуваните места во Истанбул – видиковецот Пиер Лоти каде се искачуваме со жичара а слегуваме пешки. По разгледот можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството. По посетите враќање во хотелот и слободно време за шопинг и индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање
Петти ден – Недела (04.05)
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и поаѓање за поз натиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки.Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Битола во утринските часови во недела.

Во цената е вклучено:
-
Превоз на наведената релација со туристички автобус
-
3 ноќевања со појадок во хотел
-
Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија
-
Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
-
Туристички пратител за време на престојот
-
Организација на аранжманот
Во цената не е вклучено:
Задолжително патничко осигурување 350 денари по лице
Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден
Факултативните излети:
-
Крстарење по Босфорот – 20 евра
-
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој – 20 евра
-
Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој – 20 евра
-
Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија – 10 евра
-
Турска вечер на брод на Босфорот со вечера – 45 евра
ПАКЕТ SILVER - 55 евра
-
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
-
Посета на населбата Кадикој во Азија
-
Крстарење по Босфорот
-
Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој
ПАКЕТ PREMIUM - 65 евра
-
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
-
Посета на населбата Кадикој во Азија
-
Крстарење по Босфорот
-
Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој
-
Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија
Напомени:
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
-
За сингл соба се доплатуваат 60 евра дополнително од аранжманот
-
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
-
Деца од 3 до 12 години плаќаат 90евра (кога се придружувани од двајца возрасни)
-
Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на
патници
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
-
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
-
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
-
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
-
Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
-
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
-
Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
-
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.
-
ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
-
Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
-
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
-
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
-
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
-
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
-
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
-
ПОЈАДОК: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
-
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
-
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
-
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
-
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
-
Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
-
Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Конзул Травел ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
-
Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
-
Конзул Травел не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
-
Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
-
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
-
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
-
ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
-
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
-
Организатор на патувањето е туристичката агенција Конзул Травел од Битола со лиценца А (Министерство за економија).
-
Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
-
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.