
Куќа "Atina"
Јерисос
Куќа“Atina”се наоѓа на добра место положба, на само150 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото.Во куќата располагаме со 3 наши високо квалитетни студија кои се наоѓаат на прв кат. Куќата е нова градба, за најпробирливи патници. Сите студија се многу пространи и се опремени со фен, пегла, тостер, кафемат, комарници, даски за пеглање и сл., огромни тераси со маси и столови, високо квалитетно средени кујни со апсолутно сите потребни елементи во кујните, како и реновирани пространи тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг пред вилата.
Студио број 1 (1/4) – пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревета.
Студио број 2 (1/4) – многу пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет,стандарден кревет и софа за дете.
Студио број 4 (1/4) – многу пространо студио со огромна тераса (страничен поглед море), целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, 2 стандардни кревети и софа.
Напомени и услови:
- Цените означени со * се вонсезонки и се дадени по лице со вклучен превоз.
- За сопствен превоз, за вонсезонските цени, цена се намалува 10 евра (620 денари).
- Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2лица| 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Останатите цени без* се дадени за наем на апартман за 7 ноќевања.
Цена за превоз:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец2.170 мкд. (35евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
Напомени:
-
Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
-
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
-
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
-
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе.Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
-
Сместување во собите е по 14.00 ч, а напуштање на истите е до 09.00 ч. локално време.
-
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престо јдолжни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
-
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите,истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
-
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови
-
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
-
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
-
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
-
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.





















