
Куќа "Billys"
Јерисос
Куќа “Billys” се наоѓа на идеална локација на само 30 метри од прекрасната песочна плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Куќата располага со два апартмани. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг веднаш до вилата како и на 15 метри од вилата во правец на плажата.
Апартман број 1 (1/3+1) – прв кат, со директен поглед море од голема тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и стандарден кревет во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 2 (1/6) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел, сопствен тоалет, кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.
Апартман број 3 (1/3+2) – прв кат, со лимитиран поглед море од голема тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет + софа за 1 лице во спална и единечен кревет со кревет на извлекување во кујна која е со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Напомени и услови:
- Цените означени со * се вонсезонки и се дадени по лице со вклучен превоз.
- За сопствен превоз, за вонсезонските цени, цена се намалува 10 евра (620 денари).
- Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2лица| 3-то, 4-то и 5-то лице се
сместуваат БЕСПЛАТНО,плаќаат само превоз доколку користат;
- Останатите цени без* се дадени за наем на апартман за 7 ноќевања.
Цена за превоз:
- За возрасни 3.100 мкд. (45 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец2.170 мкд. (35евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
Напомени:
1. Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над
дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно
дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
2. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
3. Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации
во агенција).
4. Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност
(1евро=62мкд).
5. Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ
следува попуст.
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last
minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се
разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле
аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за
разликата во цена.
7. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е
резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на
поаѓање.
8. Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот
локално време.
9. За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По
завршувањето на вашиот престо јдолжни сте да ја оставите собата во чиста
состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот,
корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
10. Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или
пак на сопствениците на објектите,истата изнесува 2 евра на ден по
студио/апартман.
Превоз:
1. Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место
за запирање според локалните сообраќајни услови
2. .Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
3. Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до
објектот на сместување.
4. Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на
поаѓање.
5. Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во
превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да
го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за
персоналот.
















