Милано, Џенова, Гардаленд, Верона, Бергамо
Дали сте љубители на адреналин и авантури и сакате ново доживување? Ако одговорот е да, тогаш ве водиме во еден од водечките резорти за забава во Европа, лоциран на брегот на езерото Гардаланд во Италија.
Паркот Гардаланд има повеќе од 40 различни атракции за истражување, вклучувајќи возбудливи тобогани, возења на вода, шоу во живо, тематски области, продавници, ресторани и три хотели со различни тематики.
Поминете незаборавен ден со вашите најблиски и прошетајте ги најубавите предели на Италија
Промо цена 199 евра со задолжителна резервација на еден од двата пакета со факултативи.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 219 евра
ПАКЕТ 1 – Разглед на Милано, Посета на Џенова и Серавале, влезница за Гардаленд по акциска цена од 110 евра (редовна цена 115евра)
ПАКЕТ 2 – Разглед на Милано, Посета на Џенова и Серавале, посета на Верона, по акциска цена од 75 евра (редовна цена 80 евра)
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата. При резервација на аранжманот во агенцијата, се одбира посакуваниот пакет.
ПРВ ДЕН: 04.09 (среда)
Состанок на групата кај хотел Континентал во договорено време (околу 11-13часот). Патување преку Србрија, Хрватска и Словенија со попатни паузи.
ВТОР ДЕН: 05.09 (четврток)
Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Cаstle, Piazza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедралаво светот- ДУОМО-катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи.
Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci,Prada,Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.
По разгледот кој трае околу 2 часа, сместување во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН: 06.09 (петок)
По појадокот посета на Џенова. Исклучителен град под заштита на УНЕСКО. Џенова е еден од најубавите градови – пристаништа на светот. Градот е основан од Римјаните, под името Лигури. Во средниот век Џенова било град – држава, голема поморска и трговска сила. Организираниот облик на историскиот центар на градот: Порта Сопрано, стара средновековна капија која ја чувала независноста на Република Џенова, плоштадот де Ферари со бронзената фонтана, Дуждевата палата, некогашното седиште на моќта на оваа република, Дуомо со катедралата Сам Лоренцо од 13 век. Сето ова ќе го видиме во прошетката, а препорачуваме и да ја видите куќата на Колумбо, да уживате во старите квартови околу градското пристаниште. По слободното време, посета на аутлетот Серавале, едно од најдобрите места за шопинг во Италија. Враќање во хотел. Ноќевање
ЧЕТВРТ ДЕН: 07.09 (сабота)
Појадок. По појадокот, групата поаѓа према градот на љубовта Верона или кон Гардаланд.
Патниците кои се одлучиле за Гардаланд, ќе имаат исполнет ден во најголемиот парк од овој вид во Италија, кој е меѓу најпопуларните во Европа. Ве очекува целодневен престој во паркот и уживање во атракциите: 4Д авантура, плаво торнадо, колорадо, летечки остров, магично брдо, куќата на магиите, рамсес, мамут, слободен пад…. Враќање кон хотелот во договорено време.
Патниците кои се одлучиле за Верона, ги очекува уживање во овој преубав град. Доживејте ја романтиката и вистинската љубов шетајќи крај Арената на плоштадот Бра, до луксузната улица Via Mazzini и плоштадот Ербе. Потоа плоштадот кој дише од елеганција Piazza Signori, на кој се наоѓа споменикот на Данте Алигиери и надалеку прочуената куќа на Јулија. Слободно време за прошетка до враќањето во хотелот.
ПЕТТИ ДЕН: 08.09 (недела)
По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање према Бергамо. Поради огромната популарност на Милано, честопати овој град како да се прескокнува кога туристите доаѓаат во Италија, но тоа е голема грешка. Овој прекрасен град, со камени улици, прекрасна архитектура и типичен италијански дух е место каде навистина можете да уживате на сосема поинаков начин. Идеално место за љубителите на уметност, културата. Разглед и слободно време. Поаѓање за Македонија во договорено време. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 09.09 (понеделник)
Во цената не е вклучено:
-
Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 4 евра по лице од ден
-
Разглед на Милано со професионален водич – 20евра
-
Посета на Џенова и аутлетот Серавале – 35 евра ЛИНК ОД АУТЛЕТОТ ТУКА
-
Влезница во забавниот парк Гардаленд 60 евра (влезница)– ЛИНК ОД ПАРКОТ
-
Посета на Верона – 25 евра по лице
-
Патничко осигурување 350 денари по лице
-
Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
Напомени:
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
-
30% при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до седум дена пред предвидениот рок за тргнување
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
-
Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
-
Нема намалување на цената за сопствен превоз
-
ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
-
Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.
НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
-
Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур-оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обврска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Организаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
-
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
-
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
-
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
-
Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
-
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
-
Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
-
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
-
ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
-
Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
-
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
-
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
-
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
-
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
-
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
-
ПОЈАДОК: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
-
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
-
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
-
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
-
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
-
Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
-
Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Конзул Травел ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
-
Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
-
Конзул Травел не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
-
Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
-
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
-
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
-
ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
-
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
-
Организатор на патувањето е туристичката агенција Конзул Травел од Битола со лиценца А (Министерство за економија).
-
Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
-
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.