top of page
logo-banner.jpg
Christmas Ornaments

Нова година во Белград

1.ДЕН 31.12.2024
БИТОЛА - БЕЛГРАД

Состанок на групата во 00:00. Тргнување за Белград во договорено време,Се оди преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Белград. Сместувањето во Вила Вертиго е во 14:00 часот. Во склоп на програмата како што може да прочитате, постојано има превоз од Vertigo до центарот и назад (во договорено време со групата) што е вклучено во цената. Веднаш започнуваме со забава, дневна забава (факултативна) во некој белградски клуб, потоа се враќаме во сместувањата и се спремаме да тргнеме во една од белградските клуб кафани и да ја дочекаме Новата 2025 година.. Ноќевање.

belgrade_edited.jpg
Hanging Ornaments

2. ДЕН 01.01.2025
БЕЛГРАД

Во склоп на програмата како што може да прочитате, постојано има превоз од Vertigo до центарот и назад ( во договорено време со групата) што е вклучено во цената. По појадокот можност за факултативен разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан(Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт),. Во вечерните часови факултативно посета некоја од белградските клуб- кафани, кои имаат посебен дух и поинакво запознавање на градот и ноќниот живот. Ноќевање.

3. ДЕН 02.01.2025
БЕЛГРАД - БИТОЛА

По појадокот факултативен излет до Нови Сад - центар на Српската култура, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Image by Erwan Hesry
Christmas Party

Цената на аранжманот е:

  • ПРОМОТИВНА ЦЕНА ДО 01.11 
    1/2 СОБА - 139 ЕВРА 
    1/3 СОБА - 135 ЕВРА 
    1/4 СОБА - 135 ЕВРА - ОГРАНИЧЕНИ СОБИ !

  • РЕДОВНА ЦЕНА: 
    1/2 СОБА - 149 ЕВРА 1/3
    СОБА - 140 ЕВРА 
    1/4 СОБА - 135 ЕВРА

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација

  • Организација и водство на патувањето

  • 2 ноќевања со појадок

  • Превоз од Вила Вертиго до центар на Белград и назад во договорено време со групата.

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување 200 денари.

  • Задолжителна туристичка такса за хотелот 1.5 евро / 93 денари по ден (се плаќа во агенција) Факултативен излет до Нови Сад - 15 евра по лице пријавување во агенција, плаќање во автобус.

  • Факултативи ( разглед на Белград со водич, дочек на Нова Година во дискотека, втора вечер забава во клуб-кафана) Индивидуални трошоци.

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

  • За тргнување од Битола доплата 10 евра, миниум 10 патника.

  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето, истотот важи и за лична карта.

  • За овој аранжман важат општите услови на патување.

bottom of page