top of page
logo-banner.jpg
Image by Johnny Africa

Вила "Alberti"
Шенѓин

Вила Алберти се наоѓа на сама плажа и во строг центар.

 

Располага со студиа за 4 лица (брачен кревет и кревети на спрат) и апартмани од 5 до 6 лица со истата структура на кревети (брачен кревет и кревети на спрат во кујна и уште една посебна спална со брачен кревет) на прв и втор кат без лифт.

 

Сите сместувачки капацитети се опремени со: Легла во зависност од студиото/апартманот, тоалет (без туш кабина), балкон (мал), гардеробер (мал), фрижидер, мини кујна решо со една рингла за приготвување на лесна храна и TV. Вилата исто така располага со две машини за перење алишта кои се на располагање на гостите и е обезбедена со камери.(sf)

Во термините означени со * плаќаат минимум две лица во 1/4 апартман и 3 лица во 1/6 апартман. Термините БЕЗ * се за наем на апартман за 7 ноќи. При користење на сопствен превоз, цената не се намалува.

 

Цена за превоз:

  • 50 евра возрасен – повратен билет

  • 40 евра, деца од 2-11,99 год.

  • деца до 1,99 год. бесплатно (не користи седиште).

Во цената е вклучено:

  • Наем на 7 ноќевања/8 дена

  • Wi fi интернет

  • Вклучена клима

  • Паркинг (ограничени места)

​​

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса 0.5 евра од ноќ од соба се плаќа при уплата на аранжман во агенција.

  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА:

  • Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвреднос (1еур=62мкд);

  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети, над дозволениот број  може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5,99год., во кревет со двајца возрасни;

  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;

  • Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;

  • За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Конзул Травел.

bottom of page