top of page
halkidiki_edited.png

Вила "Андромеда" Пефкохори

На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.

Вила Андромеда се наоѓа на околу 180 м од плажа сместена е во Пефкохори. Вилата нуди сместување со бесплатен приватен паркинг. Во близина се наоѓаат главните знаменитости на Пефкохори, како што се плажата Гларокавос и Агиос Димитрио. Вилата се наоѓа на  190 метри од Yalla Beach Bar Restaurant, одма до познатиот ресторан Bakalis,  Bora Bora Coffee & Drinks каде што гостите можат да вечераат.

Вилата нуди:

 

Апартмани бр.1 – 1 СПРАТ за 4 лица (спална со француски лежај+ кревет на спуштање во кујна+софа во салон), опремени со клима уред, купатило со туш,кујна со трпезариска маса, шпорет со релна, голем фрижидер, ТВ, WiFi интернет, тераса од кујната.


Апартмани бр.2 – 2 СПРАТ за 6 лица (2спални, 1 со француски лежај + 1единечен кревет +1кревет на спуштање и 1спална со француски лежај), опремени со клима уред, купатило со када, кујна со трпезариска маса, шпорет со релна, голем фрижидер, ТВ, WiFi интернет, градина, тераса од двете спални и од кујна.


Апартмани бр.4 –СУТЕРЕН   за 4 лица (1спалн–француски кревет, 2единечни кревети во дневна/кујна), опремени со клима уред, купатило, кујна , шпорет со релна, голем фрижидер, ТВ, WiFi интернет, (нема тераса се користи простор од дворот) 

Check in:   14:00h.
Check out: 09:00h.

Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Во цената е вклучено:

  • 7 Ноќевања,

  • Интернет (Wi-fi) (агенцијата не гарантира за брзината и јачината),

  • Паркинг,

  • Клима

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,

  • Патничко осигурување,

  • Туристичка такса 1,5 евра на ден (се плаќа во агенцијата)

Превоз

Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од:

 

Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики:

Скопје – Дрводекор

04;00 - 45 €

Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)

04:30 - 45 €

Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес

03;40 - 60 €

Неготино – (БП Неготино)

05;00 - 45 €

Граничен премин – (БП Шимов)

06;00 - 45 €

Цена по лице за превоз Битола- Халкидики:

Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон

04;00 - 40 €

Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола

03;15 - 40€

Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола

02;15 - 50 €

Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола

02;30 - 50 €

Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола

03;15 - 50 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

Калитеа - 14:00

Полихроно - 13:45

Ханиоти - 13:30

Пефкохори - 13:15

bottom of page