
Вила "Дина" Амудиа
Амудиа е мало рибарско место во општина Фанари, областа Епир во Грција. Се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бел песок. Во ова место можете да најдете прекрасни таверни кои служат свежа морска риба уловена од локалните рибари. Исто така местото има кеј за вечерни прошетки, а локалните рибари нудат можност за прошетки со бротчиња низ митската река Ахерон. Оваа дестинација ја препорачуваме за мирен фамилијарен одмор.
Вила Дина се наоѓа на 90 метри од плажа, на 4 мин пешачење. Лоцирана е на почетокот на Амудиа, во мирно опкружување.Вилата се состои од студија за три лица и двоспaлни апартмани, опремени со сопствена кујна (опремена со прибор за готвење и јадење) тоалет, ТВ, клима со доплата од 6 еур (на лице место) за студиа и 7еур ( на лице место) за апартман. Студијата и апартманите се наоѓаат на приземје, од самата соба се излегува на сопствена тераса.
10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2026, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.02.2026
7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2026, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.05.2026
Содржина на студио:
-
1/3 студио со еден двоен кревет и еден единечен
-
Сопствена кујна со прибор за готвење и јадење
-
Тоалет
-
ТВ
-
Клима уред со доплата на лице место: 6€ на ден (се плаќа на лице место)
Содржина на апартман:
-
Апартман со 2 спални соби од кои едната со еден двоен кревет и во другата соба два единечни кревети
-
Сопствена кујна со прибор за готвење и јадење
-
Тоалет
-
ТВ
-
Клима уред со доплата на лице место: 7€ на ден (се плаќа на лице место)
Важни напомени
-
Првите три и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
-
Понудата со попуст важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
-
Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
-
Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
-
Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
-
Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
-
За патници со автобуски превоз:
-
Куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
-
Доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
-
Секој куфер мора да има налепница од водичот
-
Во цената не е вклучен превоз.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Амудиа:
Скопје (Дрводекор) – 70евра по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 85 евра по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 70 евра по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Амудиа:
Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 60 евра по лице
Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола - 70 евра
Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 70 евра по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола – 70 евра по лице
Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола – 70 евра по лице
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно (не користи седиште)
Превозникот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%, или промена на цената на горивото.
Време на поаѓање за Амудиа:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.









