Вила "Ирини" Врахос
Вила Ирини се наоѓа на самата плажа во Врахос и нуди сe што може апартманското сместување да понуди. Вилата има сопствена плажа, базен, паркинг, бар, катче за деца, wi-fi. Оваа вила располага со просторни четворокреветни студија и едноспален апартман за 4 до 5 лица. Сите студија и едноспални апартмани се опремени со кујна, клима ( 6еур на ден се плаќа на лице место), ТВ, тоалет, wi-fi и балкон. Вилата има сопствена плажа, за секоја соба има бесплатно 1 чадор и 4 лежалки бележани со броеви на соби во кој престојуваат гостите на ЈК Травел.
Студио: една голема просторија со 1 спален кревет, едно единечно легло и софа на спуштање, кујната е во склоп на студиото со основен прибор за готвење и јадење, има сопствен тоалет и голема тераса со сет за седење.
Апартман: една просторија со еден спален кревет и еден единечен, втора просторија каде е кујната со основен прибор за готвење и јадење, во истата има уште една софа на расклопување, голема тераса со сет за седење.
Базенот се користи во саатници определени на огласна табла, за запазување на ред и мир за време на одмор на гостите.
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Туристичка такса се наплаќа на лице место по соба на ден по 1,5еур
Користењето на клима уредот не е вклучено во цената и изнесува 6 евра на ден ( се плаќа на лице место ).
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Врахос чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Врахос:
-
Скопје (Дрводекор) – 65€ по лице
-
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -80€ по лице
-
Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -65€ по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Врахос:
-
Битола (спортска сала)-55€ по лице
-
Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -65€
-
Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -65€ по лице
-
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -65€ по лице
Време на поаѓање за Врахос:
-
01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
-
01:45 h Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) трансфер до Битола
-
12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
-
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
-
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
-
04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на Перон)
-
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
-
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
-
02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
-
За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
-
Попустите не може да се комбинираат,
-
Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
-
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
-
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)