
Вила "Maria House"
Врахос
Maria House – е сместување на 50 метри од плажата во Врахос. Се состои од уредни двокреветни соби со поглед на море или двор. Покрај добрата локација, нуди приватен паркинг и безжичен интернет. Најблиската пекарница и самопослуга се оддалечени 100 метри. Тие нудат пет климатизирани двокреветни соби (22м2) со еден двоен или два единечни кревети. Собите немаат кујна, само мал фрижидер и основен прибор, но имаат одлично опремена заедничка кујна, која им е на располагање на сите гости на вилата. Имаат ТВ, мрежи против комарци, бања и тераса со поглед на море или двор. Замена на постелнина и крпи, како и чистење, се врши по три ноќевања. Марија Хаус е идеален избор за млади луѓе и парови кои бараат добро сместување на одлична локација.
Важни напомени
-
Цените се дадени за наем на СОБА на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД.
-
Дозволено е сместување према капацитетот на студио(број на кревети), освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
-
Објаснување: GV – поглед кон градина SV- поглед море.
-
Климата е ВКЛУЧЕНА во цена.
-
За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст. Попустите не се комбинираат.
-
Термините кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст.
-
Собите се опремени само со фрижидер, а користењето на заедничката опремена кујна е бесплатно.
-
Гостите од Мариа Хаус можат да користат и лежалки и чадори на плажа бесплатно (со нарачка на пијалок)
-
Првите три и последните три термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
-
Понудата со попуст важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
-
Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
-
Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
-
Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
-
Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
-
Во цената не е вклучен превоз.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Парга:
-Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
-Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
-Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -70€ по лице
-Дреново – (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) -70€ по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Парга:
-Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)-60€ по лице
-Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€
-Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице
-Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице
-Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола -70€ по лице
-Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно (не користи седиште)
Време на поаѓање за Парга:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.










