
Вила "Stella"
Неа Флогита
Вила СТЕЛА е лоцирана во близина на игралиштето на Неа Флогита 50 метри од плажа, со поглед на море.
1/5 Дуплекс на ниско приземје - Располага со 2 Спални соби и дневен престој. Во едната спална има брачен кревет и нема природна светлина (прозор) и втора спална соба со два единечни кревети. Во дневна соба има единечен кревет иво истата просторија е со кујна - опремена со голем фрижидер и решо. Климата и ТВ се во дневната просторија.
1/6 Апартманот е на први спрат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен и единечен кревет од која се излегува на тераса, купатило, дневна соба со три единечни кревети, во истата просторија е кујната - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса со поглед на море. Климата и ТВ се во дневната просторија.
Користење на клима уредот е вклучено во цената.

Цените во табелата се дадени за наем на Дуплекс / Апартман апартман за 7 ноќи, сопствен превоз
Цена за превоз:
- За возрасни 45 евра, еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
НАПОМЕНИ:
Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
- За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 7% попуст на вториот термин. Попустите не се комбинираат.
- Доплата на туристичка такса - 2 на студио од ноќ (се плаќа во објектот )
- Користењето на клима-уред - 5 евра на ден во студио.
- WI-FI интернет - БЕСПЛАТНО (за јачина на сигнал не гарантираме).
Услови под кои важи аранжманот:
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 7% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
- Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена- причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. „КОНЗУЛ ТРАВЕЛ“ и на самата агенција
