
Вила "Вагиа" Амудиа
Амудиа е мало рибарско место во општината Фанари, областа Епир во Грција. Ова место се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бела песок. Во ова место можете да најдете прекрасни таверни кои служат свежа морска риба уловена од локалните рибари. Исто така местото има кеј за вечерни прошетки, а локалните рибари нудат можност за прошетки со бротчиња низ митската река Ахерон. Оваа дестинација ја препорачуваме за мирен фамилијарен одмор.
Вила Вагиа се наоѓа на почетокот на Амудиа, во мирно опкружување, 50m оддалеченост од плажа. Вилата се состои од студиа за две или три лица и апартмани за 4 лица, опремени со сопствена кујна (опремена со основен прибор за готвење) тераса, тоалет, ТВ, клима со доплата од 6 еур за студио и 7 еур за апартман (на лице место). Студијата се наоѓаат на приземје, од самата соба се излегува на сопствена тераса која гледа кон море. Апартманот се наоѓа на први спрат и гледа кон море, погоден за 4 лица, составен од две спални од кои во едната е француски спален кревет, а во другата со два стандардни кревети и кујна опремена, тоалет, ТВ, Клима (со доплата од 6 еур на лице место)
НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.
Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.
Термините во табелата се денови на започнување на аражманот. Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00 часот, поаѓање во 01.30 часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд). - За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио/апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Травеликс НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Конзул Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.











